Раскошен плус сајз модел сака да ве научи како се добива бикини тело (видео)
Посакувате да имате бикини тело ова лето? Плус сајз моделот Тес Холидеј дава еден важен совет за вас.
Денес во светот постојат бројни кампањи на социјалните мрежи кои имаат за цел да ги охрабрат жените и да ги научат да го прифатат својот изглед.
Во поглед на интересот за ова прашање, Тес е еден од најпознатите плус сајз модели која со помош на американскиот огранок на британската модна компанија Simply Be, снимила видео во кое на девојките и жените им објаснува што им е потребно за престојното лето да добијат совршено бикини тело.
Што точно ви е неопходно? Едноставно облечете го вашето омилено бикини и подготвени сте.
„Не постои совршено тело и најголемата препрека која преовладува кај жените е неприфаќањето на сопствениот изглед. Не е чудно со оглед на тоа што идеалот е виткото тело без грам маснотии“ - вели Холидеј.
„Се што жените треба да направат е едноставно да облечат бикини и да појдат на плажа. Се надевам дека ќе со #SimplyBekini ќе ги инспирирам жените да научат да го сакаат сопственото тело“.