5 инстант брзи трикови за супер изглед наутро
Будењето наутро може да биде тешко, а помислата за подготвување на работа уште потешка. Особено ако не се разбудите навреме и имате максимум половина час за подготовка, тогаш мора набрзина да се средите, а да изгледате како да сте посветиле доволно време на секој детаљ.
За тоа потребни ви се неколку трикови:
1. Инстант фризура
Ако имате шишки очекувано е дека кога ќе се разбудите нема да личат на такви, туку ќе бидат на сите страни без волумен и облик. Само 3 минути ви се доволни за да го освежите целиот изглед со тоа што ќе ги измиете само шишките. Со овој трик ќе изгледа како да сте ја измиле цела коса.
2. Инстант маникир
Тешко е маникирот да ви биде уреден во секое време, бидејќи кога најмалку се надевате може лакот да ви е оштетен, излупен. За да не мора да поминете цел час во детално средување, само поминете по еднаш со истиот лак кој претходно ви бил нанесен и целиот маникир ќе ви изгледа обновено.
3. Брзо шминкање
Шминкањето може да биде долг процес, но ако побрзате може да излезете и неуредни. Затоа нанесете сосем малку темна сенка со нежни движења на целиот горен капак и долу, па со влажно марамче на прстот поминете точно по обликот кој го посакувате и избришете го вишокот. Така ќе изгледа како внимателно да сте се шминкале, а вам ќе ви биде доволна 1 минута.
4. Шешир наместо шампон
Во мода се шешири и капчиња во сите бои и дезени, па слободно може да го одберете омилениот и да го ставите на глава ако мора да излезете за 5 минути, а косата не ви е баш уредна.
5. Црвен кармин
Колку и да немате време да се шминкате, карминот е задолжителен, а се нанесува за неколку секунди. Може сè друго да ви е несредено, но со црвениот кармин на усните му давате посебен сјај на лицето и изгледате дотерано.