Како да ги обновите ноктите по гелниот маникир?
Гелниот маникир можеби е попрактичен од обичниот затоа што подолго трае и со месеци не мора да се грижите околу ноктите кои се секогаш убави. Но, на долги стази овој маникир драстично ги оштетува ноктите.
Ги прави послаби и кога ќе престанете со нанесување на гелниот лак ќе ви биде потребен подолг период за да ги обновите ноктите.
Оваа стратегија се состои од 7 чекори кои ќе ви помогнат целосно да ги обновите вашите нокти.
1. Турпијање
Ова е клучна активност која мора да ја практикувате често. На тој начин ќе ги тргнете малите оштетувања на површината на ноктите и краевите на ноктите. Употребувајте помеки и понежни турпии барем 2 пати неделно.
Внимателно турпијајте ги во само еден правец, а не лево-десно или годе-доле. На тој начин само ќе создадете нови мали пукнатини и оштетувања.
Покрај физичката преработка на ноктите, турпијањето има уште една позитивна страна. Ја поттикнува циркулацијата на ноктите и истите побрзо се обновуваат.
2. Одморете ги ноктите
Во овој период избегнувајте употреба на дополнителни лакирања. Дајте им пауза и време да се одморат.
Можете да користите природни лакови или оние кои се наменети исклучиво за зајакнување на ноктите, нивна исхрана и обновување. Откако сте сигурни дека нивната состојба целосно е подобрена, можете повторно да користите обични лакови.
3. Нека бидат кратки
Во периодот на обновување на ноктите по гелниот маникир ноктите се слаби и чувствителни и најмалиот контакт со тврда површина може дополнително да ги оштети. Постојано чувајте ги кратки затоа што, на тој начин ќе бидат поотпорни и помалку изложени на надворешните негативни влијанија.
Исечете ги со грицкалица и веднаш потоа истурпијајте ги.
4. Нега на кутикулите
Негата на кутикулите е подеднакво важна. Избегнувајте сечење или нивно кинење. Доколку имате поголеми кутикули користете алатка со која ќе ги вметнете навнатре во плочката на ноктите. Редовно премачкувајте ги со хидратантна крема.
5. Хидратација
Хидратацијата е можеби најважниот чекор во обновувањето на ноктите. Набавете квалитетна хранлива крема за раце и нанесувајте ја што е можно почесто со посебни втријувања во плочките на ноктот и кутикулите.
Навечер нанесете подебел слој крема на рацете, ставете ракавици и преспијте со нив.
6. Неделна купка
Еднаш неделно направете хранлива купка за нокти која длабински ќе ги нахрани.
Благо загрејте маслиново масло, додајте му една капсула витамин Е и лажичка млеко. Оставете ги во смесата 10 до 15 минути.
7. Исхрана од внатре
Овде се подразбира внесување на потребните витамини и минерали кои учествуваат во изградбата на ноктите.
Најважен е витаминот B, доволниот внес на протеини, калциум и омега-3 масните киселини. Доколку сакате побрз ефект можете да користите суплементи.