4 Чекори до успешно прикривање на шишките
Доколку си направивте шишки од љубопитност, но не ви се допаѓа воопшто крајниот резултат во огледало или само сакате да направите фризура во која шишките ќе ги нема искористете интересен метод.
Секој може да направи грешка при изборот на фризура, но секогаш за нејзино фиксирање и прикривање се тука триковите од професионалните фризери кои ќе ни помогнат.
Овој трик соствен од 4 чекори ќе успее да ги сокрие шишките без никој да се посомнева дека воопшто ги имате.
Следете ги чекорите и уверете се самите.
Чекор 1 – Разделете ги шишките на средина
Чекор 2 – Испеглајте ги, а потоа со тенок чешел засукајте ги кон надворешната страна на косата
Чекор 3 – Напрскајте ги со лак за коса, оставете да се исушат, а потоа исчешлајте
Чекор 4 – Направете последни корекции и напрскајте повторно со лак, но потенок слој, шишките ги нема, нели?