Како да го нанесете правилно парфемот?
Можеби ви се чини дека тоа е наједноставната работа на светот. Но не е така. Парфемот е едно од клучните нешта кои задолжително треба да ги имате на себе каде и да одите.
За да оставите вистински впечаток и да го одржите мирисот подолго време, потребно е да знаете како, каде и колку треба да нанесете.
Најчестите грешки се кога се прска насекаде по телото, наместо само на клучните места и кога се става премногу парфем, со што мирисот станува тежок.
Како да го нанесете?
Пред да го нанесете парфемот искапете се, но не нанесувајте разни купки, гелови и лосиони за туширање, за да не се измешаат мирисите со парфемот.
Најважни места на кои треба да го нанесете парфемот, се оние каде се чувствува пулсот, бидејќи така со секој пулс парфемот се шири во воздухот.
Тоа се: зглобовите под дланките, вратот, зад ушите, зад колената и на градите.
Не прскајте наеднаш на сите страни, туку 2-3 пати на едно место максимум.
Избегнувајте да ги триете зглобовите еден од друг, бидејќи така се мешаат природните масла од кожата со мирисот на парфемот.