На што треба да внимавате ако сакате убави нозе оваа пролет?

Надвор времето полека се стоплува и во периодот кој следи нозете ќе бидат во преден план на многу модни комбинации, но дали знаете колку нозете се важни за нашето здравје?

na-sto-treba-da-vnimavate-ako-sakate-ubavi-noze-ovaa-prolet-01.jpg

Ве потсетуваме на неколку навики кои можеби несвесно ги правите, а кои многу штетно им влијаат на вашите нозе.

Целодневно седење

Оваа навика за жал многумина не може да ја избегнат. Седењето ја намалува циркулацијата и може да предизвика собирањето на течности во организмот, отекување на глуждовите, појавување на проширени вени, па дури постои и опасност од појава на тромбови. За да ја поттикнете циркулацијата, станете на секој час и прошетајте малку.


Прекрстени нозе

Спротивно на раширеното мислење, прекрстувањето на нозете не предизвикува проширени вени, но може да го зголеми притисокот врз нив и да влијае врз нивното отекување. Обидете се навиката да ги прекрстувате нозете да ја сведете на минимум.


Грешки при бричење

Ако секој ден ги поминувате нозете со брич, бидете внимателни и често менувајте ги жилетите. После депилирањето, обавезно обилно нанесете лосион.


Нега на раните и лузните

Ако имате расеченици или рани на нозете, немојте да ги занемарувате. Направете дезинфекција на местото и обавезно ставете ханзапласт. Лузните на нозете тешко се лечат, затоа немојте да бидете несовесни.


Совет за крај

Убавото време е идеално за возење велосипед и таквата активност активно ги обликува нозете. За еден час умерено брзо возење велосипед ќе согорите 600 калории. Освен тоа, возењето велосипед влијае и на работата на срцето и на белите дробови и на тој начин позитивно се одразува врз целиот организам.

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg