Водич за мрзливи девојки: 10 трикови за разубавување
Секоја девојка сака да изгледа убаво и негувано, но кога ќе помисли на сите постапки и третмани кои треба да ги направи, некако полесно избира да изгледа едноставно и опуштено.
Во деновите кога ве мрзи да станете од кревет, најмалку ви текнува на шминкање и средување. Во тој момент многу добро би ви дошле неколку трикови за разубавување:
1. Чувајте го лосионот за отстранување шминка или влажните марамчиња покрај креветот, за никогаш да не заспиете со шминка
Ако често заспивате со шминката од вечерното излегување, изложени сте на ризик од инфекции, брчки и лош изглед наутро. Јасно е дека сте уморни и едвај чекате да си легнете, па затоа најдобро е средствата за бришење на истата да ви бидат блиску до креветот и да можете со еден потег на раката, дури и легнати да се избришете набрзина.
2. Подраснатите нокти под вештачките покријте ги со светки
Ако не стигнувате да отидете на козметичар или не знаете или ве мрзи сами да ги средувате, најлесно и најбрзо е на подраснатиот дел да залепите цветчиња и светки кои ќе го покријат веднаш.
3. Кога не сте расположени за целосно шминкање, употребете го само карминот
Додадете малку на усните, на образите и на очите. Со помош на карминот ќе о освежите целосно изгледот на лицето, а доволни ќе ви бидат само 2 минути. По една линија повлечете на образите, по една на капаците и една на усните. Со прстите нежно размачкајте и готови сте.
4. Ако ви се исушил тушот за очи искористете ја маскарата
Земете ја четкичката од исушениот туш или од мрсната сенка и натопете ја во маскарата. Потоа полека повлечете линија над окото.
5. Бебешка пудра – најдобро решение за мрсната коса
Најчест проблем кога за само 1 ден по миењето, повторно ви е измрсена косата, а немате ни време ни трпение за повторно да ја миете и сушите. Во тој случај, најдобро решение е бебешката пудра која доволно е да ја наросите на коренот, да протриете и да ја истресете. Ќе изгледате како штотуку да сте ја исфенирале.
6. Ако сакате локни, а наутро немате време или ве мрзи да се виткате цел час, плетенката е идеална
Малку навлажнетата коса исплетете ја во плетенка и замотајте ја во пунџа пред спиење. Наутро само отпуштете ја, поминете со прстите низ неа и ќе имате одлична фризура со локни.
7. Совршен тен со помош на 2 коректора и 2 потега
За совршено да го избалансирате тенот потребно е брзо да го исцртате бројот 3 со коректор кој е за 2 нијанси посветол од вашиот тен. Горната линија нацртајте ја над веѓите, средната над јаболчниците и долната над вилицата. Наспроти бројот 3, на истиот начин нацртајте ја буквата Е со коректор кој е потемен за 2 нијанси од вашиот тен. На крај размачкајте.
8. Ако немате време и трпение да чекате кремата на лицето да ви се исуши, искористете го фенот
Наместете го на ладна температура и за кратко ќе бидете готови и подготвени за нанесување на пудрата.
9. Заводлив поглед со помош на стапчиња за уши
Со едно стапче за уши нежно поминете преку линијата од тушот и ќе добиете заводлив поглед кој ви ги истакнува очите.
10. Ако немате време да ја сушите косата до крај и да ја фенирате со четка, замотајте ја во ниска пунџа
Кога ќе ја отпуштите гратис ќе добиете виткана брановидна фризура.