Како да направите розови омбре усни?
Омбре ефектот е секогаш интересен и на косата, но и на усните или сенката за очи. Различните нијанси кои се прелеваат една во друга, даваат посебен сјај.
За тоа да го постигнете, потребно е да ја знаете техниката на нанесување на боите, но и да поседувате неколку различни производи.
За да добиете убави, полни, усни со розова боја која се прелева во различни нијанси, потребно ви е следново:
- Црвен кармин
- Портокалов кармин
- Беж кармин
- Коректор
Постапката е следна:
1. Најпрво подгответе ги усните за нанесување на карминот со тоа што ќе ги измасирате и ќе им ги отстраните мртвите клетки и напукнатата кожа. Сето тоа може да го изведете со едноминутна масажа со четкичката за заби и нанесување на балсам.
2. Прв нанесете го портокаловиот кармин, но внимавајте да не излегувате со него од линијата на усните и да не го размачкувате преку целите усни, туку само од страните.
3. Втор нанесете го беж карминот, но само на средината и размачкајте го нежно за да се спои со портокаловиот кармин.
4. Црвениот кармин нанесете го само на аглите на усните. Така, ќе добиете од двете страни нијансирање на боите од потемна кон посветла розова.
5. На крај, нанесете коректор околу усните, така што ќе направите да изгледаат совршено исцртани.
Погледнете ги сите чекори: