Негувајте се како Мерилин Монро: Коцка мраз за беспрекорна кожа
Најсексапилната дива и секс симбол на сите времиња Мерилин Монтро секое утро го чистела лицето со коцка мраз.
Ако таа успеала да си ја одржи кожата здрава и беспрекорна со само една коцка мраз, зошто не би можеле и вие?
Како да користите го користите мразот за прекрасно и свежо лице:
- Никогаш не користете вода од чешма. Користете превриена, филтрирана или негазирана минерална вода.
- Не го чувајте козметичкиот мраз во замрзнувач повеќе од 10 дена.
- Земете го во обѕир вашиот тип на кожа. На пример, сувата кожа лошо реагира на овој третман.
- Лицето масирајте го со мраз најмногу 3 минути.
- Затегнете го лицето со коцка мраз така што ќе се масирате од центарот на челото кон слепоочниците, од подбрадокот кон ушите, од аглите на усните кон ушите и од ноздрите кон слепоочниците.
- Во козметичкиот мраз секогаш можете да додадете нане, камилица, жалфија или друга билка по ваш избор. Нането е корисно за зрела кожа, а русата трева ја ублажува иритацијата. Жалфијата ги регенерира клетките, а мајчината душичка ја прави кожата свилено нежна. Сокот од алое пак, успешно ги лечи акните.
Постапка за подготвување:
Откако ќе ја одберете идеалната билка, иситнете ја на парчиња и 2 лажици од неа прелијте со ½ литар вода. Ставете капак на садот и оставете да отстои 3-4 часа. Потоа процедете, па ставете ја течноста во калапи за мраз и во замрзнувач.
Користење:
Кожата третирајте ја со мраз наутро и навечер. Потоа благо избришете со пешкир и нанесете крема.
За да се ослободите од подочниците и темните кругови користете мраз од црн и зелен чај, камилица и кантарион.
За кожата околу очите исто така благотворно дејство има и смрзнатото млеко.