Во училиште ја викале грдата Бети. Откако пораснала, била прогласена за мис (фото)
Марија Петроу е 21-годишна девојка која низ целото школување била жртва на вербално насилство заради изгледот. Грдата Бети бил нејзиниот основен прекар.
Мариа отсекогаш сакала да учи, па во училиште спаѓала во групата на бубалици кои не се грижеле за својот изглед.
Но, откако пораснала и создала кариера како фотомодел и била избрана за Мис на Ковентри, само им се насмевнала на соучениците.
- Денес никој не ми верува какви трауми преживував како помала. Тоа беше еден многу тажен период од мојот живот кога се чувствував страшно осамено, раскажува младата Мариа.
- Ме викаа Шиљо и грдата Бети и имав голем проблем да си најдам пријатели. Кога малку потпораснав почнав редовно да вежбам и го променив начинот на исхрана. Другарката ми велеше дека би требало да се пријавам на изборот за мис, па така и направив.
Со својата приказна Мариа би сакала да им помогне на девојките и момчињата кои се во слична ситуација како нејзината.
- Се пријавив на изборот за да им докажам дека грешат и дека секој е убав на свој начин. Иако звучи како веќе слушната фраза, убавината навистина доаѓа однатре. Навистина е важно каков човек сте.