Водич за мажи: Како да ја одберете правилната фризура според обликот на лицето?
Девојките можат да си направат најразлични фризури со кои дури може и визуелно да го изменат обликот на лицето. Но, момците имаат малку поголем проблем за да ја одберат вистинската фризура, која ќе им одговара и да изгледаат природно и средено без додатоци.
Токму затоа, за да ја одберете соодветната фризура, важно е да знаете каков облик има вашето лице.
Овој водич ќе ви помогне да одредите што точно ви одговара за да изгледате природно и средено.
Округло
Вам најмногу ви одговара фризура која од страните е кратка, а на горниот дел и средината има повеќе волумен. Добро е да имате и патец на едната страна, а на другата да ви паѓаат прамените.
Коцкасто
Вам ви одговара кратка фризура, која го следи обликот на главата. Добро е да имате малку повеќе волумен со кратки, но густи прамени на средината.
Издолжено
Фризура која има иста должина од двете страни и на врвот, најмногу ќе му одговара на вашето лице. Кратките и фризурите со средна должина се најдобар избор.
Дијамант
На ваквото лице, важно е да ја минимизирате широчината на образите. Затоа се препорачува волуменот да го пренесете на врвот или да пуштите шишки, кои исто така го одвлекуваат вниманието од образите.
Триаголно
На ова лице треба да се скрие големото чело, затоа се препорачуваат шишки и фризура со поголем волумен, која ќе му даде поинаква форма на лицето.
Овално
На ова лице му одговараат повеќето фризури бидејќи има идеална симетрија. Може да пробате сè освен шишки.