3 опасни интимни фризури кои не би требало да ги испробате
Со оглед на тоа што интимните фризури во последно време станаа начин за заведување на спротивниот пол, жените се подготвени буквално на сè.
Сепак, овие луди трендови за интимната зона сепак не би требало да ги испробате.
1. Украсување
Подразбира бразилска депилација после која интимните делови се украсуваат со златни и сребрени апликации и циркони.
Опасност: Иако нема ништо ризично во апликациите, прашање е како вашата кожа ќе реагира на лепилото после депилацијата.
2. Боење
Трендот за боење на интимната зона стана популарен во последниве неколку години. Некои жени се одлучуваат на овој чекор заради белите влакна, а некои за да го изненадат партнерот.
Опасност: Кожата околу вагиналната коска е посебно чувствителна, па можноста за иритација на истата е огромна. Пред да се одлучите да го испробате овој бизарен тренд, размислете зошто го правите тоа.
3. Избелување
Покрај осветлувањето на косата, сега и избелувањето на интимните влакна стана тренд.
Опасност: При овој процес се користат силни киселини и хемикалии кои буквално може да ви ја уништат кожата во интимниот предел.