3 тајни за да го одберете идеалниот црвен кармин
Црвениот кармин е модерна класика која мора да ја има секоја жена. Но, честопати, ако не знаете да ја одберете вистинската нијанса, може да добите непосакуван ефект кој не одговара на вашиот тен или заби, па, наместо да делувате секси, ќе изгледате одбивно.
Водете се според овие 3 основни правила при избирањето црвен карми и нема да погрешите:
1. Основно правило при избирањето на црвен кармин е неговата усогласеност со бојата на коса
Светлите нијанси на коса повеќе одговараат со посветлите тонови на кармин. Подлабоките, затемнети тонови им прилегаат на бринетите и црнокосите, додека силно црвениот кармин најдобро им одговара на црвенокосите девојки.
2. При изборот на карминот важно е да го користите правилото за тоновите на кожата, топли и ладни се двата основни
За да ги одредите, најдобро е да ги погледнете жилите на дланката. Доколку имаат сина боја, тоа значи дека тоновите на вашата кожа се ладни, додека ако се зелени, тогаш тоновите се топли. Карминот кој во себе содржи златен пигмент одговара на топлите тонови.
3. При избор на идеалната нијанса на кармин, погрешно е да ја тестирате на дланката, бидејќи не ви е иста кожата со таа на лицето
Се препорачува карминот строго да го испробувате директно на усните. Оставете го да делува најмалку 5 минути, бидејќи од воздухот оксидира и ја менува бојата.
Доколку не сте во можност карминот да го испробате на усните, тогаш нанесете го на внатрешната страна од врвот на прстите, каде кожата одговара со онаа на усните.