Направете си сами: Кармин од само 2 состојки
Потребни ви се само 2 состојки и малку слободно време за самите да си направите кармин, каков што сакате. Од вашата креативност и вкус, зависи која боја ќе добиете, а постапката е многу едноставна.
Потребно ви е кокосово масло и боички, кои можете да ги побарате во книжарниците, а истите треба да бидат направени од нетоксичен парафин.
Начин на правење на карминот:
Загрејте вода во едно мало тенџере, а во него ставете мал сад, во кој ќе ставите ½ лажичка кокосово масло. Одберете ја нијансата која ја сакате и додајте пола боичка во чинијата. Мешајте додека не се растопи и вашиот кармин е готов.
Најдобро е тоа што можете да направите многу комбинации на бои или да се одлучите само за една. Изборот е ваш.
На крајот, добивате кармин кој не е ниту премногу течен, ниту премногу тврд, а благодарение на кокосовото масло вашите усни ќе бидат меки.
Погледнете ја целата постапка во видеото: