Кои бои на лак одговараат на кратки нокти?

Зависно од бојата која ја нанесувате на ноктите, можете да постигнете многу ефекти.

koi-boi-na-lak-odgovaraat-na-kratki-nokti-01.jpg

Голема предност на кратките нокти е што со нив не можете да направите кич грешка. Под услов рацете и ноктите да се негувани, тие може да изгледаат одлично благодарение на овие 3 лакови:

Темен лак - Иако имавте спротивни уверувања дека темните нијанси визуелно ќе ви ги скратат ноктите, со мал трик можете да го постигнете спротивниот ефект. Ако сакате визуелно да ги издолжите ноктите налакирајте две третини од ноктот, со тоа што на рабовите ќе оставите неколку милиметри без лак.

Проѕирен лак - Ако сакате дискретен сјај, а сте во брзање, нанесете еден безбоен слој. Со него никогаш не можете да утнете или да се размачкате, а за многу кратко време ќе добиете ефект на сјајни и негувани нокти.

Пателен лак - Нежните пастелни тонови се идеален компромис, а во широката палета сигурно ќе најдете една нијанса во која ќе се заљубите. За разлика од темните лакови, пастелните даваат поприроден изглед.

koi-boi-na-lak-odgovaraat-na-kratki-nokti-1.jpg

Што треба да избегнувате ако имате кратки нокти?

Дополнителните игри со бои и апликации не се за вас, исто како и омбре ноктите си бараат посебна должина на нокти.

Цирконите и светките исто така избегнувајте ги, затоа што многу лесно може да се изгубите во целото шаренило.

Би можело да ве интересира:

„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
7 совети за ноктите да ви растат побрзо и да бидат здрави Кокосово масло, сок од лимон, проѕирен лак за зацврстување - како најлесно да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg