3 совети за отстранување на масниот отсјај од челото, брадата и носот
Сјајот кој ви се појавува околу носот, на брадата или челото може да биде непријатна појава, посебно кога сте нашминкани и изгледот треба да ви издржи цел ден.
Наместо да се нервирате и да нанесувате неколку слоеви пудра, проблемот решете го долгорочно во само 3 чекори.
1 чекор: Чистење
Одберете нежен тоник за чистење на лицето со ниска pH вредност. Лицето никогаш не го третирајте со агресивни сапуни за масна кожа, затоа што ќе постигнете спротивен ефект. Еднаш неделно користете и пилинг кој ќе ги отстрани сите мртви клетки и нечистотии.
2 чекор: Маска
Барем еднаш неделно направете си домашна маска. Посебно ефективна во отстранување на сјајот од лицето е зелената глина, обичната зелена краставица исечкана на парчиња или паста од овесна каша, 1 краставица и лажица јогурт. Маската држете ја околу половина час, а потоа измијте со студена вода.
3 чекор: Нежна шминка
Агресивните креми, пудри и коректори дополнително ја мрсат Т-зоната. Затоа бирајте нежни пудри со кремаста текстура кои не ја задушуваат кожата. Користете и органски производи за лице со природна AHA киселина, витамин А и Е.
Како вие се справувате со овој проблем? Имате некој трик или совет?