Направете сами: Најдобра природна маска против брчки околу очите
Брчките околу очите често се и најизразени и играат огромна улога врз целиот изглед, а за да ги ублажите погледнете ја оваа маска која можете да ја направите сами.
Наместо да трошите огромна сума на пари за разни креми, направете ја оваа маска од три едноставни состојки.
Спротивставете им се на брчките околу очите:
Состојки:
- 1 белка од јајце
- 1 супена лажица рендани моркови
- 1 супена лажица гел од алое вера
Начин на подготовка:
Во мал сад ставете ги горенаведените состојки и измешајте ги со помош на виљушка со цел да се соединат, а за тоа доволни ви се 2 минути.
Добиената маска нанесете ја со чисти раце на пределот под и околу очите, но избегнувајте да ја нанесувате на очните капаци. Маската можете да ја нанесете и на целото лице.
Држете ја маската минимум 15 минути, но не подолго од половина час, а потоа измијте се со ладна вода. Резултатите ќе ги почувствувате веднаш, со тоа што вашата кожа ќе биде повеќе затегната. Исушете го лицето и нанесете секојдневна крема.
Третманот повторувајте го 3 пати неделно.