Обликувајте ги веѓите според формата на вашето лице

Добро обликуваните веѓи играат голема улога во целокупниот ваш изглед.

oblikuvajte-gi-vegjite-spored-formata-na-vaseto-lice-1

Во зависност од тоа како ги обликувате веѓите вашето лице може да се отвори, затвори или да изгледате поспано, односно будно.

Веѓите секогаш мора да ги обликувате според вашата форма на лице, бидејќи секоја форма има сопствена линија која совршено се вклопува, пронајдете ја вашата:

1. За девојките кои имаат лице во форма на триаголник, најдобар избор се веѓите чија линија е права. Без никакви полукругови или шпицови, на тој начин вашето лице ќе изгледа пополнето.

2. Доколку лицето ви е во форма на квадрат или срцевидна форма, на вас одлично ќе ви прилегаат веѓите во форма на месечина, односно во полукруг. На овој начин ги омекнувате линиите на лицето.

3. Оние кои имаат изразен нос треба да ги обликуваат веѓите во форма на месечина која не оди во полукруг, туку со повеќе засилена линија. Темните веѓи и премногу тенките, пополнувајте ги со молив за очи или специјален молив за веѓи.

4. Ако сакате да ги зголемите ситните очи, обликувајте ги вашите веѓи на тој начин што нивните краеви ќе бидат остри и ќе паѓаат кон долниот дел на лицето и да бидат тенки.

5. За девојките со крупни очи, доволно е да и обликуваат тенките веѓи со молив за очи за малку да ги истакнат.

6. Доколку вашата брада и вилица се изразени, веѓите обликувајте ги во форма на месечина без остар крај. На тој начин, острите краеви од долниот дел на вашето лице помалку ќе доаѓаат до израз.

7. Ако носите очила за гледање, одберете рамки кои ќе се движат по линијата на вашите веѓи, а никогаш не ги обликувајте ги веѓите според обликот на рамките од очилата.

oblikuvajte-gi-vegjite-spored-formata-na-vaseto-lice-2

Совети за дополнителна помош при обликување на веѓите:

- Немојте никогаш да ги бричете веѓите.

- Како најдобар начин за обликување на веѓите досега се покажал восокот за депилација. Првите неколку пати може да биде болно, но некои девојки велат дека е помалку болен овој начин, отколку отстранувањето влакненца од веѓите со пинцета.

- Откога ќе ги средите веѓите со пинцета, кожата може да стане црвена, затоа е најдобро секогаш да практикувате тоа да го правите навечер, односно пред спиење. После отстранувањето на вишокот влакненца од веѓите, нанесувајте крема за смирување на кожата.

- Пред секое користење на пинцетата, најдобро е истата да ја поминете со памук на кој ќе ставите 100 постотен алкохол. 

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg