Како да ја одберете вистинската пудра за лице?
Постојат или премногу опции и нијанси од пудрата или премалку. Затоа понекогаш навистина е тешко да се одбере вистинската пудра која убаво ќе прилега на тенот на кожата.
Постоењето на премногу производители на козметика дури и повеќе ги комплицира работите и го усложнува нашиот процес на избор, токму и затоа некогаш девојките дури со часови поминуваат во потрага по пудра.
За полесен и побрз избор на вистинската пудра следете ги овие совети:
За нормална кожа
Освен ако немате специфична кожа која бргу се исфрла или појава на алергиски реакции, тогаш вам ви прилега секој тип на пудра без разлика дали станува збор за течна, камена или пудра во прав. Постојат повеќе категории на пудри кои можете да ги пробате, а содржат различни масла, минерали или пробајте ги оние кои не содржат никакви додатоци. Како и да одберете, нема да погрешите.
Покривање на недостатоци
Доколку немате премногу што да покриете, тогаш на чиста основа нанесете потемна нијанса на коректор. Во случај да посакувате повеќе да ги прикриете недостатоците на лицето, употребувајте мат пудра и финиширајте со камена пудра.
Пробајте пред да купите
Пред да ја купите пудрата не е доволно само да одите според нејзиниот број, туку морате да ја нанесете директно на вашата кожа. Повеќето козметички производи кои се наменети за шминка, имаат тестери кои ви овозможуваат да го пробате производот. Не го нанесувајте тестерот само на вашата рака или зглоб и на тој начин да ја споредувате нијанса.
Најдобар начин за да проверите дали бојата на пудрата совршено одговара е ако нанесете веднаш под вилицата, а потоа излезете на дневна светлина и погледнете се во огледало да видите колку и дали се разликува нијансата од тенот на кожата.
Трикови и совети
- Пред да нанесете шминка следен пат пробајте по овој редослед: нанесете си коректор за подочници, а веднаш потоа нанесете ја пудрата во прав или камената пудра, односно онаа која вообичаено ја чувате за самиот крај. Дури потоа нанесете од течната пудра и на тој начин шминката ќе ви трае двојно подолго од вообичаеното.
- Коректорите со кои ги покривате сите недостатоци употребувајте ги откако ќе нанесете течна пудра. На тој начин може да видите кој дел треба повеќе да се прикрие, а во тоа не успеала вашата пудра.