Едноставни трикови за посвеж и поблескав изглед на очите

Доколку ноќта сте ја поминале во забава, а следниот ден морате да станете рано, со употреба на неколку трикови може да изгледате свежо и нималку мамурно. Ќе бидете нежно и пристојно нашминкани, подготвени за денот кој ви следи.

ednostavni-trikovi-za-posvez-i-pobleskav-izgled-na-ocite-01

Овие трикови освен што визуелно ќе ги направат вашите очи светли тие ќе допринесат и за сјајност на целото ваше лице. Но, секако не заборавајте го остатокот од шминката за ефектот да биде целосен.

Незаменливото бело моливче за очи

Наједноставниот трик за посветол ефект на очите е токму белото моливче за очи. Нанесете го моливчето на горната и долната страна од окото, доколку на капакот додадете и од белата сенка за очи ефектот ќе биде уште поголем.

ednostavni-trikovi-za-posvez-i-pobleskav-izgled-na-ocite-1

Светкави сенки

Гледајте тие сенки да не бидат премногу нападни а, може да комбинирате било која боја на сенка со светки. Додадете малку светки над јаболкниците и ефектот на светли очи ќе биде уште поголем.

ednostavni-trikovi-za-posvez-i-pobleskav-izgled-na-ocite-2


Розово руменило

Розовото руменило го дава целиот акцент на вашите очи а, сепак ќе изгледате природно и вашето лице ќе делува свежо.

ednostavni-trikovi-za-posvez-i-pobleskav-izgled-na-ocite-4


Заводливи трепки

Виткајте ги трепките со тоа што најпрво ќе употребите алатка за виткање на трепки, а дури потоа два до три слоја на римел. Што поглема густина на трепки толку поголем ефект на крупни и светли очи кои ќе сјаат.

ednostavni-trikovi-za-posvez-i-pobleskav-izgled-na-ocite-3


Црн туш за очи

Да и црниот туш за очи може да ги направи вашите очи посветли. Нанесете тенка линија која ќе заврши со драматичен шпиц на крајот. Овој ефект ќе биде уште по ефикасен доколку не нанесете руменило ниту кармин во боја.

ednostavni-trikovi-za-posvez-i-pobleskav-izgled-na-ocite-5

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg