Се срамите од мозолчињата на лицето? Отстранете ги со 5 трикови!
Досега многупати се покажало дека рецептите од природата имаат многу подобар ефект за убавината и негата на лицето и телото, отколку помадите и кремите кои се продаваат.
Неколку природни трикови ќе ви помогнат да се ослободите од мозолчињата на кожата за да постигнете совршен тен.
1. Масло од чајно дрво
Делува против бактерии и вируси, а се користи кај инфективните болести. Етеричното масло нанесете го директно на акните и оставете го да се засуши или измешајте го со тоникот за лице и темелно исчистете го целото лице.
2. Сода бикарбона
Го чисти лицето од бактерии и ги отстранува мртвите клетки од кожата. Измијте го лицето, а потоа направете паста од сода бикарбона и вода. Нежно масирајте го лицето и на крај исплакнете го со ладна вода.
3. Масло од јојоба
Делува смирувачки и се користи против воспаленија. Измешајте пет капки етерично масло со билки или маслиново масло, а потоа нежно масирајте го проблематичниот дел од кожата. Оставете да делува најмалку 15 минути, па измијте се со млака вода.
4. Алое вера
Силно делува на оштетувањата на кожата, особено на изгореници и на воспалени акни. Гелот од алое нанесете го директно на мозолчето или ако има потреба и на целото лице и оставете го целосно да се впие.
5. Мед
Има антибактериски својства и ја хидрира кожата. Медот размачкајте го на лицето и оставете го да отстои 15 до 30 минути. Измијте се со млака вода.