Сања Савеска за стилот и убавината: „Никогаш не би облекла нешто ‘тигресто’, а на пат не тргам без удобни патики“
Начин на исхрана
Храната, во комбинација со физичката активност е клучна за добри резултати.
Јас сум гурман, сакам да пробам од сè што ќе видам, но знам дека ако претерам ќе имам проблеми, па затоа внимавам и прекинувам кога ми е највкусно.
Многу сум зависна од благо, па веќе неколку години наназад сама си подготвувам торти и колачи кои содржат само природни засладувачи, сè без брашно и ниско калорични, а сепак многу вкусни.
Си подготвуваме дома и пица со тесто од киноа, разни здрави пити и крекери.
Да, обожавам да готвам, а на менито најчесто е пилешки или мисиркин стек, со ориз на 100 начини или риба, а и салата има задолжително.
Не консумирам алкохол, освен понекогаш чаша вино.
Спорт и физичка активност
Многу пешачам. Брзо пешачење ми е омилена рекреација во последните неколку години, а тоа ми е и најдобро време за сама со себе.
Ми одговара затоа што можам да пешачам во кое било време од денот и не зависам од термини.
Одам и на степ аеробик, иако знам да направам пауза.
Не сум постојана во групни активности, но сепак секогаш наоѓам начин да се движам.
Повече слики од Сања во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





