10 митови за нега на коса кои не се секогаш точни
Мит 6: Не треба да ја чешлате косата влажна
Грубото чешлање на косата додека е влажна може да ја оштети.
Но, ако користите чешел со широки запци и ја чешлате нежно, не би требало да има проблем.
Ако имате права коса, сепак е подобро да ја чешлате кога малку ќе се исуши.
Но, ако имате виткана коса, подобро е да ја чешлате додека е влажна.
Мит 7: Шампонот за суво миење може да замени нормален шампон
Шампонот за суво миење треба да го користите само во мигови кога немате друг избор.
Тој не може да биде замена за миење на косата со вода.
Овие шампони само ги впиваат маснотиите, но не ја чистат косата како вообичаениот миење со вода.
Мит 8: Не треба да ставате маска или регенератор ако имате мрсна коса
Продуктите како маска и регенератор ја потхрануваат косата и не треба да ги прескокнете, дури и ако имате мрсна коса.
Единствено внимавајте да ги нанесете само на врвовите, не и на коренот на косата.
Мит 9: Потстрижувањето го стимулира растењето на косата
Нема како потстрижувањето да го стимулира растењето на косата.
Но, косата може да ви делува подолга бидејќи ќе нема испукани врвови и ќе изгледа поздраво.
Значи, потстрижувањето влијае само врз изгледот на косата.
Мит 10: Скапите продукти за коса се подобри
Ефикасноста на секој продукт зависи од вашата коса.
За некои потребен е некој поскап продукт, но некои можат да видат резултати и од најевтиниот во продавница.
Па, пред да потрошите цело богатство за некој скап шампон или каков било продукт, пробајте прво нешто поевтино – можеби вам ќе ви одговара.
Спирова С. | Црнобело