10 митови за нега на коса кои не се секогаш точни
Потстрижувањето го стимулира растењето и по секоја цена треба да избегнувате продукти со сулфати и силикони – кои митови за нега на коса не се секогаш точни?
Со продуктите и третманите што ни се достапни денес, може да биде тешко да одредиме што точно е добро за нашата коса.
Па, нормално е да има бројни митови и заблуди.
10 чести митови за нега на коса кои не се секогаш точни:
Мит 1: Продуктите за коса ќе го решат проблемот со испукани врвови
Соодветната нега на коса може да го спречи пукањето на врвовите.
Но, штом ќе испукаат, ниту еден продукт не може да ги „залепи“.
Во овој случај единственото решение е потстрижување на косата.
Мит 2: Честото миење на косата е штетно
Ова зависи од типот на вашата коса.
Ако имате коса која се мрси многу, тогаш секако дека ќе треба да ја миете неколкупати неделно.
Од друга страна, ако имате виткана коса, препорачливо е да ја миете поретко бидејќи косата природно ви е посува.
Важно е да обрнете внимание и на продуктите за нега на коса, односно да користите соодветни за вашиот тип.
Мит 3: По секоја цена треба да избегнувате продукти со силикони и сулфати
И во овој случај важен е типот на вашата коса.
Ако забележите дека шампоните со силикони и сулфати не ѝ годат на вашата коса, тогаш избегнувајте ги.
Продуктите со силикони не е препорачливо да ги користите почесто бидејќи можат да се наталожат. Па, ако имате прсна коса, можеби и не треба да ги користите.
Сулфатите, пак, помагаат во чистењето на косата и се попогодни ако имате мрсна коса.
Ако имате посува и кршлива коса, сулфатите можат да го влошат овој проблем.
Што значи, изборот е индивидуален и не мора да значи дека овие состојки се штетни за сите.
Мит 4: Сушењето со фен е штетно за косата
Ако користите фен со многу жежок воздух, тоа секако дека е штетно за косата.
Сепак, модерните фенови кои имаат нагодувања за постуден воздух, па може да биде подобро да ги користите нив, наместо да ја оставите косата да се исуши сама, особено ако ви е многу долга.
Причината е тоа што косата е потешка кога е влажна, па ако е многу долга, влагата создава притисок кој со текот на времето може да ја оштети.
Идеално е да користите фен со воздух на пониска температура и да го држите на растојание од околу 15 сантиметри.
Притоа, не мора потполно да ја сушите косата, туку оставете ја сосема малку влажна.
Мит 5: По бањање, треба да ја оставите крпата на главата
Точно е дека со ова се впива вишокот вода, но и крпата создава притисок на косата бидејќи е тешка.
И, со текот на времето ќе ги направи влакната склони кон кршење.
Во ред е да ја соберете косата на неколку минути, но потоа извадете ја крпата и со нежно притискање впијте го вишокот вода.
Никако немојте да ја триете косата со крпата бидејќи и ова ги крши влакната.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114385_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111928_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107934_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_115080_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110115_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109738_400.jpg)