9 идеи за маникир со кои сите ќе ги забележат вашите нокти
Златни додатоци
Ноктите налакирајте ги со проѕирен лак (или лак во боја на кожа), а потоа со златен лак исцртајте форми (линии) по сопствена желба.
Врз златниот лак ставете циркони или бисерчиња и украсете ги.
Кратки нокти со впечатлива боја
Ако не сакате долги нокти, туку преферирате тие да се кратки и убаво обликувани, внимавајте во изборот на боите на лакот.
Наместо светли нијанси, изберете впечатливи, потемни бои и нијанси, кои ќе „паѓаат в очи“.
Темна аура
Маникирот познат како темна аура (каде врвот и дното на ноктот се излакирани со црна боја, а средината е темно сина) е еден од највпечатливите за оваа сезона.
Важно е по маникирот да се премачкаат со проѕирен сјај за да блескаат.
Нокти со текстура
Овие 3Д нокти се толку впечатливи, што насекаде ќе ве прашуваат како или каде сте ги направиле.
Но, за да бидат впечатливи, а не нападни, изберете земјени тонови (дури и сите нокти да ви се во различна нијанса).
Француски маникир на коренот на ноктот
Оваа сезона е во мода верзијата на француски маникир каде наместо израснатиот дел од ноктот, со линија (во форма на лак) се нагласува коренот на ноктот.
А. Ј. | Црнобело