8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте

Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои други грешки имаат лошо влијание врз изгледот?

8-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-01.jpg

Стареењето е природен процес кој треба да го прифатиме.

Но, некогаш самите несвесно го забрзуваме стареењето на нашата кожа, па изгледаме како да имаме неколку години повеќе од нашата вистинска возраст.

Неколку навики кои прават да изгледате постаро:

Претерувате со пилинзи

Пилингот ги отстранува мртвите клетки од кожата и темелно ја чисти.

И, иако е корисен третман за разубавување, не треба да претерувате.

Ако многу често правите пилинг или користите многу груби продукти, ќе си ја оштетите кожата и лицето може да ви изгледа постаро.

8-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-02.jpg

Не користите крем со фактор

Неопходно е да нанесувате крем со фактор секојпат кога излегувате надвор – дури и кога мислите дека ќе биде облачно, а дури и во зима.

Изложеноста на сончеви зраци без никаква заштита докажано ја оштетува кожата, ја старее, а притоа го зголемува и ризикот од рак.

8-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-03.jpg

Не внимавате на исхраната

Дури и ако ги користите најдобрите продукти за убавина, доколку не внимавате на исхраната, вашата кожа нема да изгледа добро.

Сосема во ред е повремено да се почастите со брза храна и слично, но, генерално, повеќето оброци треба да ви се состојат од здрави и хранливи намирници.

8-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-04.jpg

Носите стари градници

Со текот на времето, градниците се растегнуваат и не ја даваат потребната поддршка.

Поради ова, градникот може да направи градите да ви изгледаат спуштено, што дефинитивно додава години на изгледот.

Покрај тоа, со годините можно е да ви се промени големината на градите (поради хормони, слабеење, здебелување и слично), што значи стариот градник нема да ви биде точен.

8-naviki-poradi-koi-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја чисти кожата, а косата расте густо – Зошто е добра оризовата вода и како да ја користите за разуб... Оризот содржи хранливи материи, вклучително и аминокиселини, кои може да ја заја...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg