Како да ја затегнете опуштената кожа на вратот (и зошто се јавува)?
Трета вежба
Седнете со исправен грб и кренете ја главата нагоре, кон таванот.
Држете ги усните затворени, а вилицата движете ја горе-долу, како кога џвакате.
Направете 20 повторувања.
Четврта вежба
Ставете ја едната дланка на челото. Со главата притиснете кон дланката, но не ја мрдајте.
Треба да почувствувате затегнување во областа на вратот.
Држете ја оваа положба 10-тина секунди.
Потоа, поставете ги двете дланки на тилот, па овој пат притискајте со главата кон назад.
Држете уште 10-тина секунди.
Петта вежба
Легнете на креветот на стомак, така што главата ќе ви виси од него.
Користејќи ги мускулите на вратот, нежно подигнете ја главата додека не ви е паралелна со подот.
Повторете петпати.
Ако почувствувате и најмала болка, веднаш престанете со вежбата.
Како да ја спречите појавата на опуштена кожа на вратот?
Важно е да знаете дека опуштената кожа е сосема нормална појава и не треба да се срамите од неа.
Исто така, ако вашите мајка или баба имаат опуштена кожа, веројатно ќе имате и вие.
Но, за да го забавите процесот, покрај вежбите, потрудете се да водите и подобра грижа за кожата.
Секој ден нанесувајте хидратантен крем и никако не излегувајте од дома без крем со фактор.
Спирова С. | Црнобело