Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами
Неодамна Нина Бадриќ ги изненади фановите кога се појави со кратка коса, но тие коментираат дека одлично ѝ прилега и вака изгледа уште помладо. Кои други дами кај нас и во регионот носеа и сè уште носат кратка коса?
Не секоја жена се осмелува да ја скрати косата и да носи „машка фризура“, колку и да е таа модерна.
И иако најголемиот број дами кај нас и во регионот се навикнати на својата долга коса, има и такви кои штом малку ја пуштат кратката коса да им порасне, веднаш ја кратат, бидејќи се чувствуваат поубаво и посамоуверено со ваква фризура.
Тијана Дапчевиќ скоро и да не памтиме како изгледа со долга коса.
Освен што ја носи кратка, таа често ја бричи и главата во долниот дел, па секогаш има супер модерна фризура.
Ивона Јо веќе неколку години носи кратка коса.
Црна, портокалова, руса - таа смени неколку нијанси. Во моментов Ивона често носи перики на своите настапи и така го менува имиџот.
Стефани Стефановска Мурат, пејачката на „Дуо Дис“ ја скрати својата долга коса и веќе некое време има кратка фризура која одлично ѝ прилега.
Тамара Тодевска долги години наназад е русокоса.
Сепак, должината на косата ја менува, па иако во моментов носи боб фризура, долго време имаше кратка коса.
Вера Милошевска-Јосифовска од „Љубојна“ последниве години преферира долга коса.
Но, до пред неколку години, оваа пејачка и професорка, беше позната по тоа што беше една од ретките дами кај нас кои носеа кратка фризура.