Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами
Новинарката Александра Спировска е препознатлива по својата кратка платинесто руса фризура (најчесто избричена од едната страна на главата).
Светле Јовановска, пејачката на бендот „Саут парк“, освен со должината на косата, експериментира и со бојата.
А во времето кога имаше кратка фризура, таа беше и русокоса, и црнка, но и виолетова.
Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса.
Но, тие коментираат дека одлично ѝ прилега и дека вака изгледа уште помладо.
Марија Шерифовиќ ретко го менува стилот - има кратка коса години наназад - некогаш е исправена, некогаш со кадрици, но скоро цело време главата ѝ е избричена во долниот дел.
Таа неодамна имаше обид да ја пушти косата, но во една пригода изјави дека се откажала, бидејќи, не се чувствувала своја со долга коса.
Српската инфлуенсерка Дуња Јованиќ ги изненади своите следбеници кога ја скрати долгата коса.
Таа неколку месеци носеше модерна кратка фризура, но сепак за кратко време реши пак да ја пушта косата.
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм