Продукти за убавина кои секоја Французинка ги има во својот несесер
Црвен кармин, масло за кожа, маска за очи... Кои се продуктите за убавина со кои Французинките секогаш изгледаат свежо, уредно, а воедно и гламурозно?
Французинките се познати во целиот свет како најдобро облечени жени во светот, со многу софистициран и елегантен стил.
Тие често изгледаат многу природно, лежерно и ненаметливо, а сепак префинето и убаво.
Основата на нивниот изглед е помалку шминка и повеќе нега.
Воедно, обожаваат мултифункционални козметички производи кои имаат естетска функција, a ги негуваат кожата, косата и ноктите.
Кои продукти за убавина ги користат Французинките?
Црвен кармин
Црвениот кармин е олицетворение на љубовта. Бојата која останува на чашите за вино, салфетките и на лицето на француските љубовници.
Масло за лице, тело и коса
Формула која хидрира, ги зајакнува и во исто време ги прави свиленкасти кожата, косата и лицето. Освен тоа, мириса неверојатно.
Спреј за освежување на здивот
Ова е најдобар начин да се чувствувате свежо и чисто во секој момент.
Серум за лице
Французинките не користат тешки продукти за лице, секогаш бираат лесни кремови или серуми.
Крем за раце и нокти
Ова е производ кој Французинките не го прескокнуваат ниту во утринската, ниту во вечерната рутина.
Добар, карактеристичен парфем
Кога сте во Париз, просто морате да имате мирис по кој сте препознатливи, оној поради кој ќе ве прашаат: „Кој парфем го користиш?“
Моливче за очи
Моливчето е полесно за користење од тушот за очи, лесно се размачкува и е одлично за таканаречен зачаден ефект.
Гел за веѓи
Веѓите кои изгледаат малку „бушаво“ во моментов се голем тренд.
Французинките сакаат обоени гелови за веѓи - пигментирани се и со леснотија им даваат природен изглед на веѓите.
Кремасто руменило
Овие руменила имаат полесна формула од руменилата, беспрекорно се вклопуваат со кожата и даваат фина, суптилна боја на јаготките.