9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни)
Розовата коса е само за тинејџери
Според фризерите и модните списанија, розова коса може да имаат сите, без оглед на возраста.
Тајната е во тоа да одберете помирни тонови ако сте повозрасни, на пример потемна нијанса наместо дречливо розова.
Темниот кармин „додава“ години
Точно, темниот кармин „додава“ години, но само ако имате „старинска фризура“, во стилот на жените од 1940-тите.
Но, ако вашата кожа е блескава, имате опуштена коса или врзете опавче, и облечете посветла облека, тогаш и темниот кармин може да изгледа одлично.
Запомнете - и тука е важно да ја изберете соодветната нијанса што ќе ви прилега на тенот.
Измијте ја косата двапати со шампон
Многу луѓе и денес ја мијат косата двапати со шампон, но експертите за коса велат дека тоа само го суши влакното.
Миењето еднаш со шампон е сосема доволно.
Луѓето со мрсна коса не треба да користат производи на база на масло
Многу луѓе избегнуваат да користат производи на база на масло ако имаат мрсна кожа.
Ова е погрешно, особено што повеќето од овие кремови можат да го балансираат прекумерното производство на масти на кожата.
Кремовите го враќаат нивото на хидратација во клетките и ја прават кожата мазна.
Шминката се отстранува со влажно марамче
Секако дека ова не е точно. Влажното марамче нема да ја исчисти шминката од порите, па затоа е препорачливо да користите мицеларна вода или крем за вадење шминка, кои ќе го исчистат длабински лицето.
Доколку немате некаков производ за вадење шминка, тогаш измијте го лицето со млака вода и сапун.
А. Ј. | Црнобело