10 најпопуларни женски парфеми во 2023 година
Погледнете како изгледа листата од најпосакуваните женски парфеми за 2023 година.
На прагот сме да ја испратиме 2023 година, а во светот на козметиката се издвојуваат неколку женски парфеми кои беа популарни изматите месеци.
Листата од најпосакуваните женски парфеми за 2023 година:
Paco Rabanne Fame
Лансиран кон крајот на 2022 година, овој парфем беше убедливо најпродаван и најпознат за време на Божиќ и сè уште останува така и сега во 2023 година. Достапен е во 3 големини – 30ml, 50ml и најголемиот од 80ml.
Mugler Alien
Парем кој постои релативно долго време – лансиран во 2005 година, но сè уште останува омилен помеѓу жените.
Со долготраен мирис со ноти на јасмин, кашмир и килибар, овој парфем е достапен во три големини од 30ml, 60ml и 90ml.
Ariana Grande Cloud
Лансиран во 2018 година, овој парфем сè уште е најпопуларен во палетата парфеми на Аријана Гранде. Тој содржи примеси на кокос, пралини и ванила и се продава во три големини – 30ml, 50ml и 100ml.
YSL Black Opium
Овој парфем е лансиран во 2014 година ,но сè уште е еден од најпознатите. Станува збор за долготраен мирис од килибарна ванила, а најистакната нота е кафето.
Тоа е парфем кој лесно може да се користи во текот на целата година, но најмногу одговара за во постудените месеци и вечерни излегувања.
Carolina Herrera Good Girl
Многу популарен во последните неколку години, овој цветен мирис доаѓа во шише во облик на високи потпетици. Долготраен секси мирис кој може да се користи преку ден или навечер.
Лансиран е во 2016 година и се покажа како доста популарен.