Трикови со кои моделите секогаш изгледаат беспрекорно
Масло за тело
Можеби сте забележале дека кожата на моделите секогаш блеска кога се на модната писта.
Тајната за ова е масло за тело.
Беж долна облека, без рабови
Неретко моделите носат облека под која се чини дека немаат долна облека.
Во овие ситуации тие избираат беж долна облека која нема рабови и е практично невидлива.
Ги „клоцаат“ долгите фустани на модната писта
Кога се на модна писта, моделите не можат само да го поткренат долгиот фустан за да не се сопнат од него.
Па, за да ги избегнат незгодите, го клоцаат со секој чекор. На овој начин фустанот нема да им заврши под стапалата.
Носат два пара долна облека на ревии за долна облека
Некогаш на ревиите моделите носат и по два пара долна облека.
Кога одат по пистата, секогаш постои можност да им се измести дизајнерското парче, па за да избегнат незгоди, носат и друга долна облека која не се ни познава.
Спирова С. | Црнобело