Како да познаете дали продуктите за убавина се безбедни за користење или им поминал рокот?
Сенки за очи и руменило
Генерално, рокот на траење на овие продукти е околу 12 месеци по отворањето.
Сепак, ако забележите промени во текстурата, чудни испакнатини или непријатен мирис, фрлете ги.
Кремови
Веќе спомнавме дека на кремовите со фактор им се намалува ефикасноста кога им поминува рокот.
Овие, но и сите останати кремови, немојте да ги користите ако имаат поразлична текстура од вообичаено, ви изгледаат пожолтено или забележите промени во мирисот.
Маски за лице
Препорачливо е да не користите иста маска година и пол откако ќе ја отворите.
Рокот на траење на овие продукти зависи и од составот. На пример, маските со активен јаглен може да траат многу подолго ако ги чувате добро затворени.
Кога не сте сигурни, како и за сите продукти, проверете ги текстурата, мирисот и бојата.
Парфеми
Парфемите имаат мошне долг рок на траење ако ги чувате соодветно.
Сепак, ако забележите дека парфемот добива потемна нијанса или чувствувате поизразен мирис на алкохол, тоа значи дека треба да го замените со нов.
Спирова С. | Црнобело