8 работи што ги правиме од учтивост во салон за нокти, но ги иритираат козметичарките
„Многупати клиентките се мрдаат во положба што мислат дека е од помош, но всушност важи спротивното. Најдобро е да му дозволите на козметичарот да ви ги движи дланките и стапалата. Вие само релаксирајте се“, открива козметичарка од САД и открива кои потези на клиентките ја иритираат.
Карина Медрано е лиценцирана козметичарка со свој салон во Денвер, САД.
Покрај останатите третмани за убавина, таа прави и маникир и педикир.
Карина вели дека неретко од љубезност и желба да помогнат, нејзините клиентки всушност ѝ го отежнуваат процесот на работа.
Затоа, за Reader’s Digest, таа споделува неколку грешки кои клиентките треба да ги избегнуваат:
Пробувате да помогнете со движење
Ако често одите во салон за маникир и педикир, сигурно знаете како се одвива целиот процес.
Токму поради ова, можеби имате навика да ги движите дланките (или стапалата) со надеж дека ќе му помогнете на козметичарот.
Но, Карина вели дека ова мрдање го отежнува работењето.
„Многупати клиентките се мрдаат во положба што мислат дека е од помош, но всушност важи спротивното. Најдобро е да му дозволите на козметичарот да ви ги движи дланките и стапалата. Вие само релаксирајте се“.
Постојано зборувате
Ако сте зборлива личност, тогаш без проблем разговарајте со козметичарот.
Но, ако не се чувствувате расположени за разговор, не се чувствувајте должни да зборувате.
Карина истакнува дека вие сте дојдени на третман и треба да се опуштите. Па, сосема нормално е да не кажете ништо.
Не кажувате ако не ви се допаѓа бојата
Немојте да молчите ако веднаш сфатите дека не ви се допаѓа бојата што сте ја избрале.
„На многу клиентки, најтешко им е да кажат кога не им се допаѓа бојата. Но, подобро е да ни кажете во мигот кога ќе почнете да се сомневате.
Боите одземаат најмногу време, па многу полесно е да ја поправиме грешката на еден прст, отколку на десет“, советува Карина.
Сами го отстранувате гелот од ноктите
Иако е возможно сами да го отстраните гелот, ниту еден козметичар не го препорачува ова бидејќи можете да ги оштетите ноктите.
Оштетените нокти не само што нема да изгледаат убаво, туку значително им ја отежнуваат работата на козметичарите.