8 работи што ги правиме од учтивост во салон за нокти, но ги иритираат козметичарките

Оставате козметичарот да одлучи каков маникир/педикир ќе ви прави

Во ред е да бидете неодлучни, но не му давајте задача на козметичарот да избира за вас.

Тој не може да знае што би сакале и ако резултатот не ви се допаѓа, тој ќе биде виновен.

Ако сте неодлучни, прашајте го козметичарот за совет, па сами одлучете според она што ќе ви го каже.

8-raboti-shto-gi-pravime-od-uchtivost-vo-salon-za-nokti-no-ne-treba-spored-kozmeticharka-06_copy.jpg

Помагате со чистењето

Нормално е да настане неред додека козметичарот ви ги средува ноктите. Но, не е ваша задача да го чистите.

Па, ако сакате да бидете од помош, подобро држете се настрана.

„Не заборавајте дека дел од нашата работа е да го средиме нередот. Покрај тоа, ние најдобро знаеме каде ни стои сè“, вели Карина.

8-raboti-shto-gi-pravime-od-uchtivost-vo-salon-za-nokti-no-ne-treba-spored-kozmeticharka-07.jpg

Се движите додека ги сушите ноктите во УВ ламбата

Ако ви затребаат чантата или телефонот додека ги сушите ноктите, веројатно се подавате да ги земете сами, и тоа само затоа што не сакате да бидете товар на козметичарот.

Но, Карина вели дека со движењето само ќе си го уништите маникирот, па слободно побарајте помош од козметичарот.

„Не заборавајте дека ние сме овде за да ви помогнеме“, додава таа.

8-raboti-shto-gi-pravime-od-uchtivost-vo-salon-za-nokti-no-ne-treba-spored-kozmeticharka-08.jpg

Се воздржувате од кивање, одење во тоалет и слично

Одењето во тоалет и кивањето се најприродни човечки потреби и нема потреба да се воздржувате.

Можеби не сакате да се задржувате со одење во тоалет или да бидете некултурни со кивањето.

Но, Карина повторно истакнува дека нема потреба од оваа учтивост бидејќи вие сте во салонот за да се релаксирате.

„Не плашете се да кажете кога ви треба што било. Тоа е сосема нормално“.

8-raboti-shto-gi-pravime-od-uchtivost-vo-salon-za-nokti-no-ne-treba-spored-kozmeticharka-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg