8 популарни митови за убавина во кои не треба да верувате (бидејќи можат и да ви наштетат)
Мит 5: Секојдневното сончање е здраво
Точно е дека ни е потребна сончева светлина, најмногу за производството на витамин Д.
Но, не е препорачливо секој ден да бидете изложени на сонце во летните денови кога УВ зрачењето е многу високо.
Мит 6: Кремовите ги отстрануваат брчките
Кремовите против брчки навистина ја прават кожата похидрирана и ја потхрануваат. Тие можат и да ја намалат видливоста на дамките на кожата и, генерално, да направат да изгледа помладо.
Некои кремови можат и да ја спречат појавата на брчки, но не и да ги отстранат веќе постоечките, особено ако се подлабоки.
Мит 7: Треба да ги одморате ноктите од лак
Лаковите можат да ги исушат и пожолтат ноктите, а за да го спречите ова не мора да ги „одморате“ од лакирање.
Едноставно, пред да го нанесете лакот, нанесете слој заштитен безбоен лак.
Мит 8: Треба да го миете лицето со топла вода
Миењето со топла вода може да ја исуши кожата на лицето бидејќи отстранува дел од неопходните масла.
Најдобро е да го миете лицето со млака или студена вода.
Спирова С. | Црнобело