Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 популарни митови за убавина во кои не треба да верувате (бидејќи можат и да ви наштетат)

Акните не се предизвикани од нечиста кожа, а маските за лице што ги правите дома не мора да значи дека се подобри од купечките. Во кои други митови за убавина не треба да верувате? 

8-popularni-mitovi-za-ubavina-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-bidejkji-mozhat-i-da-vi-nashtetat-01.jpg

Кога не сме дерматолози, лесно е да поверуваме во митовите за нега на кожа. Истото важи и кога не сме експерти за коса, нокти или кој било дел од нашето тело.

Дел од овие митови се безопасни, но некогаш можат и да ни наштетат.

Во кои митови за убавина не треба да верувате?

Мит 1: Потстрижувањето го стимулира растот на косата

Потстрижувањето на косата е неопходно бидејќи со текот на времето врвовите се оштетуваат.

Потстрижувањето прави косата да изгледа поздраво и побујно, но кога станува збор за раст, нема никакво влијание.

За да го стимулирате растот, треба да се фокусирате на корените и скалпот, а не врвовите на косата.

8-popularni-mitovi-za-ubavina-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-bidejkji-mozhat-i-da-vi-nashtetat-02.jpg

Мит 2: Секојдневното шминкање е лошо за кожата

Освен ако немате навистина проблематична кожа, нема потреба да го избегнувате шминкањето.

Она што е важно е да ја отстранувате шминката навечер и да не спиете со неа.

И, секако, користете квалитетни продукти.

8-popularni-mitovi-za-ubavina-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-bidejkji-mozhat-i-da-vi-nashtetat-03.jpg

Мит 3: Акните се предизвикани од нечиста кожа

Акните можат да бидат предизвикани од многу фактори – од хормонални промени, до генетика.

Ако имате акни, не значи дека вашата кожа е нечиста. Всушност, претераното чистење на кожата може дури и да ги влоши.

8-popularni-mitovi-za-ubavina-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-bidejkji-mozhat-i-da-vi-nashtetat-04.jpg

Мит 4: Секогаш е подобро да користите природни продукти

Продуктите за нега што ги правите дома не мора да значи дека се подобри од купечките.

Всушност, кога сами правите маски и слично, постои можност да си направите некаква иритација ако имате многу чувствителна кожа.

Од друга страна, купечките производи се дерматолошки тестирани и се генерално побезбедни.

Нормално, ако си имате ефикасен рецепт за маска или некој продукт, слободно користете го. Но, не верувајте дека природните продукти се секогаш подобри.

8-popularni-mitovi-za-ubavina-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-bidejkji-mozhat-i-da-vi-nashtetat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg