5 работи за кои вреди да дадете повеќе пари на вашата свадба и 5 работи што никој нема да ги забележи
Додека сите гости дефинитивно ќе обрнат внимание на храната и пијалаците, речиси никој нема да се фокусира на декорациите или цветните аранжмани кои можат да чинат цело богатство, па нема потреба да давате многу пари за нив.
Свадбата е еден од најважните денови во животот и нормално е да сакате овој настан да биде совршен.
Сепак, постојат некои работи за кои навистина не вреди да потрошите половина буџет. Ова се детали кои гостите нема ни да ги забележат, а и вам нема да ви бидат многу важни.
Од друга страна, постојат работи за кои вреди да дадете повеќе пари за прославата да помине совршено.
5 работи за кои вреди да дадете повеќе пари:
Храна
За гостите, храната е еден од најважните детали на свадбата.
Повеќето гости доаѓаат гладни, а останатите сигурно ќе огладнат бидејќи прославата трае неколку часа.
Па, колку повеќе избор ќе има на вашата свадба, толку посреќни ќе бидат гостите.
Музика
И изборот на музика е од голема важност на секоја свадба.
Секако, не можете да го задоволите сечиј вкус, но добро би било покрај традиционалните ора и народни песни, да има и програма со забавна музика.
Исто така, осигурете се дека ќе има доволно простор за танцување.
Пијалаци
Свадбата е прослава, а на прослава, покрај јадењето, луѓето сакаат и да пијат.
Па, ова е уште еден детаљ за кој вреди да дадете повеќе пари.
Организација на настанот
На гостите им се допаѓа кога целата свадба ќе биде добро организирана, особено на оние кои ќе присуствуваат и на церемонијата, и на прославата.
Ако, на пример, церемонијата трае премногу долго или ако гостите треба да чекаат многу долго пред главниот оброк, можно е да се изморат и да им стане досадно.
Удобност
Гостите треба да поминат неколку часа на маса и стол, па важно е да обрнете внимание на удобноста.
Земете ги предвид и временските услови. Ако, на пример, правите летна свадба, погрижете се на гостите да не им биде многу топло.