Кул идеја: Како да ја носите венчаницата и по вашата свадба, наместо да собира прав? (видео)
Инфлуенсерката Тејлор не сакала нејзината венчаница да стои заборавена во гардероберот, па решила да ја претвори во краток фустан кој е одличен за посебни прилики.
Венчаницата може да биде најскапиот фустан што ќе си го купите, но факт е дека освен на вашата венчавка, нема друга прилика во која би ја облекле.
Но, идејата на инфлуенсерката Тејлор Попик од САД стана вирална на ТикТок. Наместо да ја остави венчаницата во гардероберот, таа ја скратила и ја претворила во краток фустан кој изгледа навистина добро.
Тејлор се венчала во август во 2021 година, а за нејзината венчаница платила над 5.000 долари.
Бидејќи била вљубена во венчаницата, но и поради високата цена, не сакала да ја облече само еднаш. Па, по речиси цела година од венчавката, решила да ја претвори во краток фустан.
Таа сподели видео на ТикТок на кое го покажува новиот фустан, а досега видеото е прегледано речиси 4 милиони пати.
Наводно, Тејлор прво размислувала да ја чува венчаницата во случај некогаш да има ќерка и таа да посака да ја носи. Но, потоа сфатила дека нејзината ќерка би можела да го носи и краткиот фустан.
Таа ја добила идејата од нејзината мајка.
„Мама многупати скратува свечени фустани што ги купила за посебни прилики за да може да ги носи повеќепати. А, бидејќи мојата венчаница е фустанот што ми стои најдобро од сите модели што ги имам, зошто да не продолжам да ја носам?“
Сега единствено Тејлор размислува што да направи со материјалот што останал од скратената венчаница и вели дека сигурно нема да го фрли, туку ќе го рециклира и ќе му најде некоја намена.
@wellnessforlifeblog You’ve been CHOPPED
♬ Amour plastique - Videoclub
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


