„Те земам поради духовните вредности, а не за физичкиот изглед“ – зошто невестите носеле превез кој им го покривал лицето?
Во Европа, договорените бракови биле сосема нормална појава во минатото. Се верува дека девојките носеле превез за да ги спречат нивните идни сопрузи да им го видат лицето до крајот на свадбената церемонија.
Теоретски, доколку на мажите немало да им се допадне тоа што ќе го видат пред себе откако невестата ќе го симнела превезот, веќе било доцна да се премислат.
Обичајот девојката да се омажи покривајќи го лицето на денот на нејзината свадба е постар од обичајот да се носат венчаници. Всушност, во поголемиот дел од историјата, превезот воопшто не бил ниту бел ниту проѕирен.
Повеќето етнолози и антрополози се согласуваат дека корените на потеклото на невестинскиот превез треба да се бараат во античко време, кога девојките на овој начин ги криеле своите лица за да се заштитат од зли духови.
Грците и Римјаните во минатото носеле црвени и жолти превези кои симболизираат оган со цел да ги исплашат и избркаат злите духови и демони.
Римјаните отишле толку далеку што младите во еден период од историјата биле целосно покриени со црвен превез во текот на целата свадбена церемонија.
Постои уште една, многу попрактична, но подеднакво морничава причина за традицијата на носење долг невестински превез.
Имено, тој бил правен по нарачка, точно според висината и другите мерки на идната невеста, а по свеченоста внимателно се чувал, а потоа се користел како погребна облека по смртта на жената.
Денес, во еврејската традиција, невестите имаат обичај да носат превез за да покажат дека младоженецот не се жени со девојката само поради нејзиниот физички изглед, туку поради духовните вредности.
(О)Милена | Црнобело