„Работам како свадбен фотограф и ова се најголемите грешки што ги прават младоженците“
Од „Што ќе каже свекрвата“ и „Леле сѐ мора да биде совршено и под конец“ многу парови се разочарани од својот свадбен ден и не уживаат во него.
Камерон Девер за магазинот Insider открива дека 8 години работи како свадбен фотограф и дека во текот на целиот период гледа како младоженците на денот на свадбата ги повторуваат истите грешки.
Најголемите грешки кои паровите ги прават на свадбата:
- Закажуваат сѐ до минута и се во константен стрес и трка со времето, немаат време да дишат, да се забавуваат и да уживаат.
- Штедат пари на добар фотограф и снимател, а забораваат дека тој ден е еден од најважните во животот и дека многупати ќе се навраќаат на фотографиите и видеата од него.
- Не се подготвуваат психички дека нешто нема да биде во ред, очекуваат совршенство и на крајот се нервозни и разочарани поради банални работи.
- Забораваат дека свадбата всушност е за нив и дека најважно е како тие ќе си поминат, а не другите, односно забораваат дека тоа е денот кога се слави нивната љубов.
С. С. | Црнобело / фото: Depositphotos