Ирина од Гостивар се омажи за саканиот Велибор во носијата од баба му, стара 65 години

„За мене е посебно чувство што на мојата сопатничка ѝ беше чест што ќе ја носи носијата во која баба била невеста и се венчала со дедо ми, а сега ние го овековечуваме нашиот момент со нејзината облека, која е самата по себе историја“ – вели Велибор за CRNOBELO.com, кој додава дека носењето на носиите од своите предци за нив симболизира почит кон предците.

irina-od-gostivar-se-omazhi-za-sakaniot-velibor-vo-nosijata-od-baba-mu-stara-65-godini-1.jpg

Негувајќи стари македонски традиции, во носија стара повеќе од шест децении Ирина и Велибор се заколнаа на вечна љубов. Оддавајќи почит на бабата на Велибор со тоа што невестата ја носеше нејзината стара носија, со бричење на кумот и „купување“ на невестата, 24-годишните младенци од Гостивар ја започнаа својата свадба, мала, но богата со сите македонски адети и обичаи.

irina-od-gostivar-se-omazhi-za-sakaniot-velibor-vo-nosijata-od-baba-mu-stara-65-godini-3.jpg

Велибор и Ирина се заедно скоро четири години, а се запознале на свадба кај заеднички пријатели. Пред три години, во Маврово, крај езерото, на нивното омилено место, тој клекнал на колено и ја побарал за жена.

irina-od-gostivar-se-omazhi-za-sakaniot-velibor-vo-nosijata-od-baba-mu-stara-65-godini-2.jpg

Но, она што го привлече моето внимание е нивната свадбена фотосесија, двајцата облечени во традиционални носии сликани во манастирот Јован Бигорски, во селата Галате и Ново село, крај реката Радика, чиниш како да се вратиле назад во времето.

Велибор открива дека неговата сакана ја носела носијата од баба му, стара 65 години, рачно изработена со мотиви од фолкорот од западна Македонија.

irina-od-gostivar-se-omazhi-za-sakaniot-velibor-vo-nosijata-od-baba-mu-stara-65-godini-4.jpg

„За мене е посебно чувство што на мојата сопатничка ѝ беше чест што ќе ја носи носијата во која баба била невеста и се венчала со дедо ми, а сега ние го овековечуваме нашиот момент со нејзината облека, која е самата по себе историја“ – вели Велибор кој додава дека носењето на носиите од своите предци за нив симболизира почит кон предците.

irina-od-gostivar-se-omazhi-za-sakaniot-velibor-vo-nosijata-od-baba-mu-stara-65-godini-5.jpg

„Симболот е голем, ние живееме во Македонија, но незнаејќи ги корените не можеме да насадиме корени. На двајцата чест ни е и гордост што можеме да ја продолжиме традицијата и да ја покажеме убавината на македонската жена од минатото. Колку биле вредни рацете на нашите баби покажува убавината на носијата“ – додава тој.

svadbenata-fotosesija-na-irina-i-velibor-vo-nosii-stari-povekje-od-sest-decenii-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg