Девојка ѝ сошила на баба си копија од венчаницата, изгубена пред 50 години

Врската на бабите и внуките е неверојатна... Девојка од Шкотска две седмици шиела фустан за баба си, ист таков каков што таа носела на својата свадба во 1962 година.

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-01.jpg

Кога Џин Шорт од Шкотска стапила во брак со својот избраник Џек во 1962 година носела венчаница купена во локална продавница за помалку од 1.500 денари.

Венчаницата пленела со својата едноставност и убавина што дури две пријателки ја замолиле Џин да им ја позајми за нивниот свадбен ден. Но, за жал по второто позјамување таа не ја видела својата венчаница никогаш повеќе.

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-03.jpg

Нејзината внука Ејми Копланд (26) ги обожавала фотографиите од свадбата кои баба ѝ ги покажувала децении подоцна, па така одлучила да направи нешто специјално за својата баба.

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-10.jpg

Ејми која работела како костимограф во театар, како и костимограф за патувачки танцувачки групи, за време на панмдемијата го искористила слободното време за ова прекрасно дело.

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-04.jpg

Таа за две седмици направила копија на венчаницата на баба и ѝ ја подарила.

„Баба ми си чува свадбена фотографија во нејзината дневна соба и мене отсекогаш ми се допаѓаше нејзината венчаница. Мигот кога ѝ ја подарив копијата што ја направив беше многу емотивен. Таа беше изненадена и пресреќна“, изјави Ејми.

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-09.jpg

Инаку, Џин се омажила на 20-годишна возраст на 3-ти март 1962 година. За жал, нејзиниот сопруг, со кого има 4 деца, починал во 1996 година, на 58 години, од рак.

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-07.jpg

Но, Џин не го заборава својот сакан и постојано го споменува.

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-02.jpg

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-08.jpg

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-06.jpg

devojka-na-baba-si-i-soshila-kopija-od-venchanicata-koja-ja-izgubila-pred-50-godini-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg