Девојка одлучила нејзините баби да ѝ бидат деверици на свадбата (фото)

Со оглед на ограничувањето на бројот на гостите на нејзината свадба и фактот дека нејзините баби ѝ биле меѓу најважните личности во животот, Меган одлучила токму тие да ѝ бидат деверици.

devojka-odluchila-nejzinite-babi-da-i-bidat-deverici-na-svadbata-foto-01.jpg

Меган Кенеди и Томас Кахун од Велика Британија биле во врска од 2017 година, а стапија во брак во октомври 2020 година на свадбена церемонија со само 15 гости.

Тие имале закажано свадба со 200 гости за март 2020, но морале да ја одложат поради пандемијата.

Ја презакажале за во октомври, но поради короната морале да го ограничат бројот на гости, па тие биле сведени на членовите од семејството. Така, Меган дошла на идеја нејзините баби да ѝ бидат деверици.

Едната нејзина баба има 80 години, а другата 90. Тие одиграле голема улога во нејзиниот живот, па за неа имало смисла токму тие да ја имаат улогата на деверици на нејзината свадба.

Двете се во инвалидски колички, но едната од нив собрала сила да стане за да ја испрати на нозе до олтарот.

Се внимавало на препораките, а 10 дена пред свадбата младоженците биле во изолација за да не го загрозат здравјето на бабите на Меган.

Фотографиите од свадбата зрачат со емоции:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg