Дечко од Њујорк и девојка од Аргентина се венчаа преку Zoom – прва официјална онлајн венчавка (фото)
За овој вљубен пар ниту короната, ниту 6.000 километри кои ги делат не беа пречка за да ја крунисаат својата љубов.
Скот Мармон (32) од Њујорк и Аугустина Мотефиори (28) од Аргентина се првиот пар кој официјално се венча преку Zoom, поради корона пандемијата. Тие се разделени во различни земји веќе 10 месеци.
Заедно се од 2017 година, а Скот ја запросил во јануари и планирал да се пресели кај неа во Аргентина во март. Но, границите се затвориле поради короната, па минатата недела решиле да се венчаат преку видео повик со онлајн церемонија, дотерани соодветно како за свадба.
Лиценца за брак за да се венчаат онлајн им била обезбедена од државата Јута, а тие станале брачен пар иако се оддалечени еден од друг 6.000 километри.
Фотки од нивната свадбена церемонија:
Фотки од вљубениот пар:
С. С. | Црнобело