Празни столчиња, онлајн венчавка – најдобрите свадбени фотографии за 2020-та
И оваа година сајтот This is Reportage одржа натпревар за најдобрите свадбени фотографии, а поради пандемијата, делата на овогодишните учесници се навистина уникатни.
Поради пандемијата, годинава се одложија сите големи настани, а многу луѓе мораа да се откажат и од плановите за голема венчавка.
Некои одлучија да ги одложат прославите за следната година, но некои сепак го обележале денот на венчавката со што е можно помала прослава. Свадбените фотографи, пак, биле таму за да го овековечат тој важен момент.
Веб-сајтот This is Reportage секоја година одржува натпревар за најдобри свадбени фотографии, но акцент им се става на оние спонтаните. Односно, како што пишува на сајтот, целта е да се слават вистинските и непланираните моменти што го прават настанот посебен.
Секоја година на натпреварот се пријавуваат над 12.000 фотографии, а за победниците одлучува жири од професионални фотографи.
Оваа година беше посебна за натпреварот, најмногу поради влијанието на пандемијата, кое и самите ќе го забележите. На некои венчавки присуствуваат само момчето и невестата, онаму каде што има гости сите носат маски и држат растојание, а можете да видите и како изгледа онлајн венчавка.
Во продолжение погледнете дел од фотографии беа избрани за најдобри на овогодишниот натпревар: