Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ја откажале свадбата со 200 гости и се венчале речиси сами на покривот од својата зграда (фото)

„На крајот од денот важна е само љубовта што ја имате еден кон друг и карантинот најдобро прикажа што е она што е навистина важно“, вели парот.

ja-otkazhale-svadbata-so-200-gosti-i-se-venchale-rechisi-sami-na-pokrivot-od-zgradata-foto-01.jpg

Пола и Кен се запознале онлајн во 2014 година, а нивниот прв состанок им бил во соседството во Бруклин, во кое живеат и денес.

Кен ја запросил на скијање во 2019 година, а имале закажано свадба со речиси 200 гости во март годинава. Но, поради пандемијата плановите им пропаднале.

ja-otkazhale-svadbata-so-200-gosti-i-se-venchale-rechisi-sami-na-pokrivot-od-zgradata-foto-02.jpg

Одлучиле да откажат сѐ и да одложат за во јануари 2021 година, но сепак сакале да се венчаат на датумот што пред тоа го имале одбрано како свадбен ден, односно на 21-ви март.

Затоа си направиле интимна церемонија на покривот од зградата, на која присуствувале само неколку членови на семејството и пријатели од соседството.

Фотографиите од нивната свадбена церемонија се прекрасни:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Најубавите свадби во 2024 година објавени на CRNOBELO Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба в...
Пар доживеал сообраќајна незгода на свадбениот ден - непријатниот чин го претвориле во кул фотосесиј... Кога работите не одат според планираното, но вие знаете како да се справите со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg