Најпопуларните песни за прв свадбен танц за 2019-та година
Можеби со вашиот вереник се сложувате за сè – што да јадете, кој филм да го гледате или каде да излезете.
Но кога станува збор за песната на којашто ќе го играте вашиот прв танц, можно е да се појават несогласувања. Доколку сте заглавиле на оваа одлука, можеби ви треба малку инспирација.
Затоа погледнете ги 15-те најпопуларни песни за првиот свадбен танц за 2019-та година:
Unchained Melody – Righteous Brothers
Постои нешто волшебно во текстот на оваа песна што ќе ве натера да почувствувате носталгија за деценија во која не сте ни биле родени.
All of Me – Џон Леџенд
Внесете ја романсата на Џон Леџенд и Криси Тајген во вашата најважна ноќ.
I Don’t Want to Miss a Thing – Aerosmith
Можеби филмот раскажува тажна приказна, но оваа рок балада секогаш ќе има посебно место во нашите срца.
The Way You Look Tonight – Френк Синатра
Венчаницата, косата, шминката… Френк знае за што пее.
https://www.youtube.com/watch?v=h9ZGKALMMuc
At Last – Ета Џејмс
Зарем постои поромантичен текст на песна од овој?