Обвинител лажирал судење за да ја запроси неговата девојка – адвокат, со лажен судија и 17 пријатели во „порота“

Обвинител од Флорида поминал 6 месеци во планирање на лажно судење за да ја запроси во судница неговата девојка – адвокат.

obvinitel-lazhiral-sudenje-za-da-ja-zaprosi-negovata-devojka-advokat-so-lazhen-sudija-i-17-prijateli-vo-porota-01.jpg

Брендон Динец знаел дека ќе мора да се потруди за да ја изненади својата девојка, Џен Летман, па за запросувањето да добие на тежина, решил да направи лажно судење.

Тој поминал 6 месеци планирајќи лажно судење, а дури успеал да ангажира судија, бранител и 17 пријатели и роднини на Џен, кои ќе глумат порота.

Сè до судењето, Џен воопшто не се посомневала кога нејзиното момче ѝ рекло дека мора да дојде за да ги слушне неговите воведни зборови на судењето.

„Кога работевме заедно, редовно си ги гледавме и преслушувавме воведните зборови и си дававме критики, па не ми беше воопшто чудно да дојдам во судница со него. Не ги знаев фактите за судењето кое го измисли, а не ни прашував дополнително.“ – признава Џен.

Но, кога дошла и ги видела нејзините сакани во порота, сфатила што се случува.

„Тоа беше најголемото изненадување кое некогаш сум го имала. Тој по природа е таков и прави огромни дела, но овој пат се надмина себеси. Тој е многу внимателен и грижлив. Беше неверојатно.“ – продолжува среќната идна невеста.

obvinitel-lazhiral-sudenje-za-da-ja-zaprosi-negovata-devojka-advokat-so-lazhen-sudija-i-17-prijateli-vo-porota-04.jpg

Брендон во неговата романтична изјава ѝ искажал љубов на Џен, а судијата пресудил со зборовите „Г-дин Динец, осудени сте доживотно“, на што сите се насмеале и прославиле.

obvinitel-lazhiral-sudenje-za-da-ja-zaprosi-negovata-devojka-advokat-so-lazhen-sudija-i-17-prijateli-vo-porota-02.jpg

obvinitel-lazhiral-sudenje-za-da-ja-zaprosi-negovata-devojka-advokat-so-lazhen-sudija-i-17-prijateli-vo-porota-03.jpg

Погледнете го целосното видео од запросувањето:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg